Деновиве во SuperFounders интензивно се подготвуваме за првиот настан што ќе го организираме во новата 2016, а тоа е SuperFounders Open Day – Саем за стартап кариера во Скопје. Идејата за еден ваков настан произлезе првично од две потреби кои успеавме да ги идентификуваме изминатиов период, а тие се (1) потребата пошироката јавност подобро да се запознае со индустријата на иновации и потенцијалот што го нудат стартапите во однос на вработување и развој на кариера и (2) потребата стартап компаниите подобро да се претстават пред македонската јавност преку промоција на своите иновативни решенија и производи, како и да имаат подобар увид во кадарот што им е на располагање во период кога се во фаза на раст и имаат потреба од проширување на својот тим.
И, на наше големо задоволство, со самото истражување спроведено пред почетокот на кампањата наидовме на позитивна реакција како кај стартапите, така и кај студентите и сите кои во моментов се во потрага по работа.
Се прашувате зошто?
Сведоци сме дека иновациите се главните двигатели на економскиот раст на глобално ниво, а од пред неколку години оваа индустрија започна да зема замав и во Македонија. Паралелно со ова, растат и програмите за поддршка и промоција на иновативни бизнис идеи, што со сигурност ни говори дека стартап екосистемот допрва ќе се развива и ќе отвара нови можности. Па, зошто да не ги искористиме овие можности во општа полза? SuperFounders Open Day, за таа цел, ќе понуди целодневен Саем за стартап кариера каде на едно место ќе ги собере актуелните македонски стартапи и сите заинтересирани за вработување во стартап компании. На овој Саем за стартап кариера стартапите и кандидатите за вработување ќе можат лично да се запознаат, со тенденција да склучат договор за вработување или нови партнерства и да научат како заедно поефикасно да ги искористат можностите што ги пружа индустријата за технолошки иновации.
Заеднички придобивки
Работењето во стартап фирма носи доста предности, меѓу кои проширено знаење и вештини во повеќе области, брз напредок во кариерата, интернационално поврзување, можност за станување партнер со основачот и многу други. За сите нив посетителите ќе можат да се информираат во текот на самиот настан. Но и стартапите ќе имаат свои придобивки од присуството. Покрај тоа што ќе ги пополнат своите работни позиции со квалитетен кадар и лично ќе се запознаат со понудата на работна сила во Македонија, истите ќе научат и како да го прошират познавањето за управување со основачкиот тим, кадарот, регрутацијата и тимската култура. Во ова ќе им помогнат нашите специјални гости кои ќе допринесат со свои говори и обраќања кон присутните.
А кога сме кај нашите специјални гости, редно е истите и да ги претставиме. Се работи за Петрус Теуниш, меѓународен тим лидер во NIRAS Development и Суреш Пател, меѓународен сениор советник во VERDEXUS. Тие ќе дискутираат на дел од предвидените теми во програмата меѓу кои и тимска култура, правни и економски аспекти на работење во стартап, презентации на македонски стартапи со нивната визија и предности, преглед на иновациската индустрија од аспект на вработен и култура на иновации и креативност.
Настанот е поддржан од голем број на партнерски организации, меѓу кои:
За крај едно кратко потсетување: